Минатиот петок во Хотел Карпош во Скопје се одржа годишното собрание на ИАБ Македонија на кое се избираа органите кои во наредната година ќе ја предводат асоцијацијата која ги обединува домашните маркетинг агенции, интернет портали и огласувачи.
За претседател, едногласно беше реизбран Борис Ефтимовски од Маркетинг365 кој ја извршуваше оваа функција и во изминатата година.
Членовите на ИАБ Македонија исто така го продолжија мандатот и на потпретседателот, Дарко Лазаревски и генералниот секретар Никола Анчевски, кои исто така беа реизбрани на позициите кои ги извршуваа и досега.
Новиот Извршен одбор на ИАБ Македонија покрај претседателот, потпретседателот и генералниот секретар ќе го сочинуваат и:
Надзорниот одбор на ИАБ Македонија ќе го сочинуваат:
Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија е дел од семејството на IAB Worldwide со седиште во Њујорк, САД и претставува најрелевантна светска асоцијација која на едно место ги обединува интернет издавачите, маркетинг агенциите и огласувачите.