1. Оваа година вие сте избран за генерален секретар на ИАБ, можете ли да ни кажете нешто повеќе за здрушението?
Мојата прва работа во маркетингот беше модерно кажано-office manager, односно преведено на македонски -секретар. Некако ме влече таа работа , па така уште од основањето на ИАБ јас сум генерален секретар реизбран се до денес.
ИАБ (Interactive Advertising Bureau) е здружение во кое членуваат агенциите за маркетинг, веб порталите и мал дел на компании од земјава кое активно го поддржуваaт растот и развојот на дигиталниот и интерактивниот маркетинг пазар, како дел од глобалната мрежа на ИАБ worldwide. Целта на ИАБ е посветеност на постојан развој на локалниот дигитален пазар, обезбедувајќи соодветни образовни содржини на пазарот и промовирање на светските вредности и вештини и know how на ИАБ на локално ниво.
Има 43 ИАБ лиценцирани канцеларии кои работат во земји ширум светот и една регионална ИАБ канцеларија, во Европа. ИАБ е основан во 1996 година, со седиште во Њујорк.
Оваа година ИАБ потпиша меморандум за соработка со МААМ- асоцијацијата на маркетинг агенции
2. Каква е состојбата на пазарот за дигитално огласување во Македонија во моментов?
Многу пријателски . Како и се во државата, постепено се развива. Голем дел од буџетите да не речам преку 70% се одлеваат кај големите играчи facebook и google. Ова допринесува за спор развој на пазарот заедно со недостатокот на истражување (мерач). Мое мислење е дека доколку се воведе истражување и преку него ќе може да се измери reach на кампањите, а со тоа и соодветна корекција на цените ќе можат буџетите да останат кај домашните медиуми. ( барем поголемиот дел).
Се пратат и се имплементираат светските стандарди, иако буџетите се доста ограничени, агенциите се супер креативни ( си се фалиме) и располагаат со соодветно едуциран дигитален кадар, кој освен на домашниот работи и за странски пазари.
3. Колку македонските компании се придржуваат до правилата во дигиталното огласување?
Правила на дигитално однесување –хахахха.
Најчесто тие правила се креирани од самите дигитални медиуми и секако и компаниите и агенциите се придржуваат кон истите, да не речам мораат бидејќи немаат избор.
Постои Етички кодекс на ИАБ кој има за цел да ги пропише правилата на најдобрите практики во дигиталното издаваштво и огласување, со цел сите индивидуални лица и компании кои се поврзани со дигитално издаваштво и огласување и кои делуваат на територијата на Р.Македонија меѓусебно да ги регулираат и заемно да ги почитуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми. Секој дневно се зголемува бројот на медиуми кои почнуваат да го почитуваат.
4. Кои се предностите да се биде ИАБ член?
Во моментов да се биде член на ИАБ предноста е во учеството во креирање правила на однесување, добри практики и стандардизацијата на домашниот дигитален пазар, учество во презентирањето на експертски совети и работни групи кои работат на подобрување на пазарни сегменти преку пренесување на практики на ИАБ нетворкинг кафеата. Исто така и учество на дигитални професионални настани во регионот. Но во блиска индина тоа ќе биде и бесплатни курсеви и значителни попусти за сите образовни активности, едукации, примери од пракса. Покани и попусти за големи професионални конференции. Учество во организирање и партиципирање во официјален настан ИАБ awards, Digital day …
Можност за започнување на сопствена иницијатива за проект кој придонесува за подобрување на домашниот дигитален пазар од страна на членките или на блиски ИАБ канцеларии.
Посредување во остварување на контакти и стратешки партнерства на локално и глобално ниво, помеѓу членките. И многу повеќе, ќе додаде Претседателот во коментар на статијата.
5. Пред некое време беше претставен систем за онлајн мерења “Дот Метрикс“ – што значи тоа за македонскиот пазар?
Секое истражување е добро, е појдовна точка за нешто, е постапка да видиме до каде, сме, од каде да почнеме, што да очекуваме. Мислам дека без истражување не можеме да имаме развој, ќе се базираме на претпоставки. Според мене Дот Метрикс ќе биде појдовна точка за развој на интернет пазарот во земјава. Ќе придонесе и за клиентите и за самите портали да можат да видат, почувствуваат како работат, како работи конкуренцијата, што може да се подобри, да се промени, а сето тоа ќе доведе до развој, повеќе вложување, пратење на трендовите итн.
Замислете во Србија има две истражувања, и тоа е супер, кога имате конкуренција работите подобро, побрзо, поквалитетно. ( барем така треба да биде ).
6. Кои се следните планови на ИАБ?
За ова прашање ќе треба да го прашате претседателот –хаахх. Се шалам.
Дефинитно плановите водат кон едукација и стандардизирање (да не речам средување) на дигиталниот пазар. Промоција на дигиталниот маркетинг и дигиталниот пазар и запознавање на јавноста со неговите можности и предности. Работа на зголемување на пазарот за дигитално рекламирање преку обезбедување на соодветна едукација за сите заинтересирани страни. Пропишување и предлагање на стандарди во интернет рекламирањето и воведување на официјални мерења со етаблиран background прифатен од веб порталите, МААМ, клиентите… Придржување и имплементирање на Етичкиот кодекс. Се што е подржано од ИАБ wordwide, а адаптабилно за нашиот пазар.