IAB Мacedonia ќе ги среди работите на интернет пазарот, вели Савица Кусакатски

Беше прашање на време кога македонските компании од фелата ќе се здружат и заеднички ќе седнат да ги „средат” работите на интернет пазарот во Македонија, вели Савица Кусакатски, претседател на новоформиранотo Биро за интернет огласување во Македонија (IAB Маcedonia). Oва здружение беше официјално претставено на AllWeb со најава дека ќе помогне да се воведат стандарди за  банери, метрики, едукација на пазарот, како на огласувачите, така и на маркетинг агенциите.

IAB Macedonia би требало да ги има сите можности да го „среди“ интернет маркетингот во Македонија бидејќи ги има најпопуларните сајтови и скоро сите маркетинг агенции на своја страна. Основачи на здружението се Httpool, NextSense, Time.mk, Кајгана, ЦрноБело Медиа, Off.net.mk, Publicis, Media Solutions, Mccann Erickson, Република, New Moment, IWM Network, New Media Mk и куп други искусни огласувачи и агенции.

Сепак, предизвикот пред IAB Мacedonia е огромен бидејќи само 0,1 отсто од огласувањето оди на Веб, а огромен дел оди на презема телевизијата која е доминантен медиум во земјата. Затоа разговаравме со г-ѓа. Кусакатски за плановите на IAB и како организацијата ќе помогне во подобрување на онлајн маркетингот.

Кои се почетоци на ова здружение?

Формирано во 1996 година, бирото за Интерактивно огласување IAB е организација која го промовира интерактивното огласување во Европа. Вооедно ги штити интересите на индустријата преку активна програма на едукација, вршејќи неопходни истражувања на пазарот во поглед на метрики за посетите на Интернет страни, како и висината на потрошувачката за онлајн рекламирање. IAB работи и на професионализација на индустријата (интернет огласување) дефинирајќи ги стандардите за рекламирање на Интернет.

Дали мислиш дека вакво здружение може да ја промени маркетинг идеологијата во Македонија?

Искуствата од регионот говорат во полза на промена на состојбите на интернет пазарот. Верувам дека и ние ќе успееме да ја промениме идеологијата, односно јасно ќе ги пренесеме користите од интернет огласувањето и ќе го зголемиме колачот на рекламирање на интернет во целокупниот буџет за рекламирање.


Извор: IT.mk

Биди во тек со IAB Macedonia активности