IAB Café е одлична можност за запознавање со успешни интерактивни кампањи, добри практики и нови иновации на домашниот дигитален пазар.
Здружението за интерактивно огласување IAB Македонија, по трети пат ќе го одржи настанот IAB Café каде што преку успешни локални примери и студии на случај ќе ѝ помогне на бизнис заедницата подобро да се запознае со дигиталното огласување.
Целта на овој настан е преку домашни примери да се покаже моќта на дигиталните медиуми и алатките за интерактивно огласување и да се помогне во развој на македонскиот дигитален пазар на огласување.
На третото IAB Café своите успешни студии на случај од областа на интерактивното огласување ќе ги презентираат:
Настанот ќе се оддржи во Траториа да Галиа (на ул. Водњанска бр. 1) во Скопје на 7-ми април со почеток од 17.30 ч.
Освен членовите на IAB Македонија, на настанот се поканети и сите компании кои сакаат со нив да разменат искуства и корисни информации поврзани со дигиталното огласување. Влезот е бесплатен, но поради ограничениот капацитет на локалот, потребно е вашето место да го резервирате на contact@iab.mk
ЗА IAB МАКЕДОНИЈА
IAB Македонија е здружение за интерактивно огласување, посветено на развивањето и унапредувањето на дигиталното огласување во Македонија. Здружението е формирано од страна на повеќе дигитални и маркетинг агенции во Македонија, а има за цел да стане почитуван авторитет за дигиталните и интерактивните прашања на пазарот.